Позната првата полуфиналистка на US Open

од Vlatko K
213 прегледи

Елина Свитолина од Украина е прва полуфиналистка на US Open оваа година, откако за 1 час и 42
минути игра ја совлада британката Јоана Конта со 6:4, 6:4.


За тенисерката број 5, ова ќе биде прво појавување меѓу најдобрите четири во Њујорк и второ
последователно на Гренд-слем турнир, по „Вимблдон“ во јули.

Во спор за место во финалето, Свитолина ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу
Американката Серена Вилијамс и Кинескињата Циан Ванг.