Позната тенисерка го победи ракот, сега сонува за Токио

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Карла Суарез Наваро, шпанска тенисерка објави дека го победила ракот, кој и бил дијагностициран минатата година.

Таа објасни дека добила многу пораки за поддршка и дека тоа е вистински ветер во грбот.

„Уште еден чекор напред. Денес ја завршив терапијата и го надминав Хочкинсовиот лимфом. Ви благодарам на сите за топлите пораки. Секој збор за поддршка ми даде сила во изминатите неколку месеци. Им благодарам на сите медицински професионалци кои секојдневно се грижеа за мене. Јас сум излечена“, напиша Суарез Наваро.

Во кариерата беше најдобро пласирана во 2016 година, кога беше шести играч во светот.

Последен пат играше на Катар Опен, турнир кој го освои во 2016 година. Првично, таа имаше намера за 2020 година да биде нејзината последна сезона на турнејата, но по сè што се случи, таа изјави дека би сакала „нејзината тениска приказна да заврши на теренот, т.е. дека сонува за учество на Олимписките игри во Токио“.

Таа не се чувствуваше најдобро со месеци пред дијагнозата, па во еден момент реши да направи низа тестови во Барселона.

На почетокот на септември објави дека ќе следи шестмесечна хемотерапија.

Слични содржини