Позната украинска обвинителка и нејзината ќерка пронајдени мртви

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Поранешната заменичка на главниот обвинител на Украина, Олга Михајловна Колинко и нејзината ќерка Јарослава се пронајдени мртви во средата, без знаци на насилна смрт, објави руската новинска агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на полициски извори.

Олга Колинко е пронајдена во нејзината куќа во Киев, а нејзината ќерка во нејзиниот стан. Двата стана биле заклучени одвнатре, а се верува дека жените починале во различно време.

Според првичните информации, мајката починала пред два месеца, а ќерката пред околу три недели.

Телата се пренесени на судско-медицински вештачење за да се утврдат точните причини за смртта и да се донесе одлука за понатамошно постапување.

Олга Колинко била пронајдена кога вработени во станбената управа во присуство на полиција ја скршиле вратата од станот. Соседите им се јавиле бидејќи ден претходно по скалите почнала да се излева вода, а сопствениците не ја отвориле вратата.

Познато било дека 71-годишната Олга Колинко долги години е тешко болна и не излегувала надвор. За неа се грижела нејзината ќерка, која била пронајдена мртва во блискиот стан кој исто така му припаѓал на семејството.

Олга Колинко двапати беше заменик главен обвинител на Украина, од 1993 до 2000 година и од 2003 до 2005 година. Во периодот од 2001 до 2003 година, таа го предводеше министерството за борба против организиран криминал и корупција за време на мандатот на претседателот Леонид Кучма.

Своевремено, таа беше една од главните иследници во случајот на поранешниот премиер на Украина Павло Лазаренко, која на крајот беше осудена во САД и никогаш не се врати во Украина.

Колинко се справувала со случаи против поранешниот потпретседател Александар Ткаченко, како и поранешниот обвинител Свиатослав Пискон, кој беше нејзин директен раководител некое време. Таа го обвини за паралелни комерцијални активности додека работел како државен обвинител.

Слични содржини