Позната ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА НАВАЛНИ по лекарскиот преглед во затворот

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во затвор, се наоѓа во стабилна и задоволителна здравствена состојба, пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Неговите соработници претходно изразија загриженост за неговото здравје.

Навални имал лекарски преглед во казнено-поправниот завод во Владимирскиот регион и неговата општа здравствена состојба е добра, објави регионалниот огранок на Руската федерална казнена служба, пренесува ТАСС.

Пријателите на Навални вчера навеле дека се загрижени за влошување на неговата здравствена состојба, а на неговите адвокати не им беше дозволено да го посетуваат затворот.

Слични содржини