Актерката Роуз Мекгоун, која ја паметиме како Пејџ од серијата „Волшебнички“, смета дека активизмот на Натали Портман на Оскарите е целосно одглумен и погрешен.
Портман на Оскарите носеше наметка на која беа испишани имињата на жени режисерки кои не добиле номинација за Оскар. Некои се воодушевуваа на ваквиот потег, но други ја потсетија Натали дека и самата е сопственик на мала продукција во која единствена жена е таа самата.
„Не го велам ова од огорченост, туку пишувам со гадење. Сакам таа и другите актерки да го изодат самите патот. Вие, актерките од А-листата треба да застанете цврсто, наместо да правите проблем. Да, Натал, ти си проблемот. Лажната поддршка за жените е проблемот“, напиша Мекгоун на Фејсбук.
Таа го оцени активизмот на Портман како навредлив за сите оние кои всушност реално работат.