Познатата модна куќа со хуманитарна акција за спасување на коалите

275 прегледи

Како одговор на еколошката криза во Австралија предизвика на од пожарите, Баленсијага одлучила да помогне со лансирање на хуманитарна мини колекција.

Своите хуманитарни напори ги насочиле кон спасување на коалите, бидејќи во ова катастрофа настрадале околу 30 отсто од овие животни. Колекцијата се состои од блузони и маички со кратки ракави со мотиви на коала, а сите средства од продажбата ќе бидат донирани на организациите кои се борат да ги заштитат овие животни.

Ова е продолжение на луксузнат организација Керинг, во која покрај Баленсијга се и многу други луксузни брендови. Тие ги здружија силите и донираа милион австралиски долари за борба против пожарите. Покрај донацијата, Керинг најави и идни хуманитарни акции за обновување на нарушениот биодиверзитет во Австралија.

Слични содржини