Познатата музичарка се враќа во школо: Сакам да бидам политичарка

362 прегледи

Карди Би е една од најпознатите раперки на денешницата. Откако пред неколку години го издаде синглот „Bodak Yellow“, стана вистинска „фабрика“ за хитови. Но, пред да стане позната музичарка, таа била ТВ и интернет ѕвезда.

Судејќи по неодамнешните објави на Твитер, Карди Би навистина се заситила од славата и шоубизнисот, па сега се насочила кон политиката.

„Мислам дека сакам да бидам политичарка. Навистина ја сакам владата, иако не се согласувам со неа“, гласел еден од нејзините твитови.

Амбициозната раперка објаснила дека е уверена дека успешно би ја освоила трката за место претставник во американскиот Конгрес бидејќи има многи идеи и замисли. Нејзин план е да се врати во школо на неколку години и да се посвети на своето образование.

Ова не е прв пат Карди да покажува интерес кон политикката. Минатото лето со Барни Сандерсон, сенатор и кандидат за претседател, расправаше за сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Останува да видиме колку Карди е сериозна во својата намера да се кандидира и дали своите интерент следачи ќе ги претвори во гласачи.

Слични содржини