Познати актери ги напуштаат САД поради победата на Трамп

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД поттикна голем број познати личности да размислат или веќе презеле чекори да се преселат во странство, конкретно во Велика Британија.

Иако победата на Трамп беше клучен поттик за некои, пошироките политички услови во земјата исто така одиграло значајна улога.

Ова е список на ѕвезди кои решиле да ги напуштат САД или сериозно размислуваат за преселба поради сè понестабилните услови во САД:

Америка Ферера

Една од нив е актерката Америка Ферера, која смета дека во Велика Британија може да обезбеди подобри можности за своите деца, синот Себастијан и ќерката Лусија.

Извор близок до Ферера откри за „Дејли Мејл“ дека победата на Трамп била тешка за актерката и дека и е здодевно од политичкиот пресврт. Посебно ја разочарал поразот од Камала Харис.

„Таа веруваше дека Америка е подобра од ова“, рече изворот. Иако овој потег не значи целосен прекин со Холивуд, Ферера планира да го балансира својот професионален ангажман во САД и животот во Велика Британија.

„Таа ќе продолжи да работи во САД и да се залага за правата на Латиноамериканците и жените, но за доброто на своето семејство и образованието на децата, таа би се преселила во странство. Нејзините деца се нејзин приоритет, а таа го гледа Лондон како место каде што таа може да им ги обезбеди најдобрите можни можности“, додава изворот.

Ферера веќе е видена во посета на приватни училишта во Лондон, пренесува магазинот Hello.

Мини Драјвер

Актерката Мини Драјвер го најави своето враќање во Британија во јули откако живееше во Лос Анџелес речиси три децении.

Во таа прилика таа откри дека ќе и биде исклучително тешко да се врати во Америка доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател.

„Да живеев во „црвена“ републиканска држава, не, немаше да можам да се вратам. Но, во Калифорнија сте донекаде заштитени“, рече таа.

Софи Тарнер

Софи Тарнер исто така се врати во Лондон. Софи откри дека насилството со огнено оружје и промените во законите во САД биле клучни мотиватори за нејзиното враќање дома.

„Насилство со пиштол, менувањето на случајот „Ро против Вејд“… Сè се натрупа“, откри таа.

Рајан Гослинг и Ева Мендез

На овој тренд се приклучија и актерите Рајан Гослинг и Ева Мендез. Тие се преселиле во Лондон за да им дадат на своите деца потивко детство далеку од центарот на вниманието и друштвото на познатите врсници.

Мендез (50) минатиот месец изјави за „Тајмс“ дека таа и нејзиниот сопруг (43) моментално живеат во Нотинг Хил, Лондон, со нивните две деца, додавајќи: „Имаме пристап до заедничките градини. Искрено, тоа е магично“.

Меѓу оние кои размислуваат за сличен потег се Хју Џекмен и Рене Зелвегер, кои се загрижени за политичката нестабилност и социјалните предизвици во САД.

Слични содржини