Познати добитниците на овогодинешната награда „22 ноември“

од Vladimir Zorba

Одборот за доделување на државната награда,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/1299/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2023  за признание на луѓе од  политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија:

„За остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија“.

Наградата им  се доделува на:           

  Агим Винца, истражувач и писател

 Амет Селмани, писател

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2023 година (среда ) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.              

Слични содржини