Познати имињата на новите директори на клиники, до петок целосна смена на вмровските директори!

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Дејан Докиќ е новиот директор на Клиниката за пулмологија, а Горан Петровски ќе раководи со Клиниката за ендокринилогија, дознава А1он. Смени ќе следат и на уште 30-тина здравствени установи.

Според информациите на А1он, Софија Пејкова ќе биде новата директорка на Клиниката за пластична хирургија, која ќе дојде на местото на досегашната директорка, Смиља Туџарова. На местото на Лидија Чевреска на Клиниката за хематологија доаѓа Ирина Пановска, а на местото на Славица Шубреска на Клиниката за ендокринилогија ќе биде назначен Горан Петровски.

Нова директорка на Клиниката за гинекологија на местото на Марија Хаџи Лега, ќе биде Викторија Јовановска. Нов директор на Клиниката во Козле е Ангелчо Андоновски, а од директорката функција заминува и досегашната директорка Аспазија Софијанова.

За нов директор на Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде назначен Христијан Костов исто така кадровик од владеачката партија и тој ќе го замени Сашо Стојчев. Како што и најави заменик министерот Гоце Чакаровски во првиот бран ќе има смена на 33 директори, а до петок се очекува да се комплетира листата и да бидат назначени сите нови директори во здравствените установи низ цела држава.

Кадровските смени во здравството почнаа пред речиси еден и пол месец. Меѓу првите сменет беше директорот на Клиниката за онкологија, Милан Ристески, и на негово место дојде Никола Васев. Потоа следуваа смени на Клиниката за кардиологија, каде што на местото на Сашко Кедев беше назначен Беким Поцеста, Ирена Бушлетиќ го замени Александар Шиколе на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за очни нолести беше именуван Беким Татеши, а на Токсикологија – Нико Беќаровски.

Се очекува министерот за здравство Арбен Тараври во текот на денот официјално на прес конференција да ги објави имињата на новоназначените директори.