Познати личности испратија честитки за првото дете на Хари и Меган

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Честитките за принцот Хари и неговата сопруга, Меган, за раѓањето на нивното прво дете, не запираат, објави Асошиетед прес.

Таткото на Меган, Томас Маркел, кој е сосема отуѓен од неговата ќерка, изјави за Сан дека се надева оти бебето ќе ѝ служи на круната и народот на Обединетото Кралство со чест и достоинство.

Во последно време, Томас Маркел ја критикуваше Меган, што ги затегна односите меѓу нив. Тој дури и не присуствуваше на нејзината венчавка со Хари поради здравствени проблеми.

Честитки вчера испрати британскиот премиер Тереза ​​Мај. Првиот министер на Шкотска, Николас Старџон, го следеше примерот. Честитки дојдоа  и од Кантерберискиот архиепископ Џастин Велби, од чичкото на Хари – принцот Ендрју, од лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин. Секој им посака на Меган и Хари и се најдобро.

На вратата на Бакингемската палата исто така беше и  прикачена официјална изјава за раѓање. Во неа се вели дека кралицата Елизабета II го поздравила раѓањето на синот на Хари и Меган, кој бил нејзин осми внук.

Момчето на Хари и Меган сè уште нема име. Тоа нема и автоматски да ја добие титулата принц, а ќе треба прабаба му да одлучи дали да го удостои со неа. Титулата принц паѓа автоматски на првородено дете на престолонаследникот, односно на принцот Вилијам и на неговиот син принцот Џорџ, кои се соодветно прв син и прв син на синот на принцот Чарлс.

Меѓутоа, кралицата, ги честести со принцовите титули и сестрата и братот на принцот Џорџ, Шарлот и Луј, потсетува Фигаро.