Познати се листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје

од Nikola Popovski
442 прегледи

Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје се објавени.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.

Дополнуваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4 октомври 2021 година. 

Министерката за образование, Мила Царовска, на почетокот на новата академска година, информираше дека стипендиите од 18 илјади денари за природно-математичките науки го зголемиле интересот на матурантите за овој факултет.

Студентите се поделени во мислењата за комбинираната настава.. дел од нив преферираат повторно да се вратат на универзитетските кампуси бидејќи според нив компјутерите не можат да ја заменат традиционалната настава, за дел пак онлајн наставата се покажала како подобра опција.

Слични содржини