Познатиот оперски пејач за обвинувањата за сексуално вознемирување: Се работи за културни разлики

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) рекол, по поводот обвинувањата кои биле подигнати против него за сексуално вознемирување, дека се работи за културни разлики меѓу земјите, како и дека постојат места каде денес на жените не може ништо да им се каже.

Тој во интервју за Pais рекол дека во Шпанија е поразлично него на други места од кои се групите кои ги обвинуваат.

Тој додал и дека обвинувањата против него немаат смисла, како и дека никогаш не повредил ниту една жена, ниту ги преминал овластувањата.

Според неговите зборови, кога сте во војна со медиумски организации, шансите да изгубите се многу големи.

Прашан за тоа како 20 жени од различни места го обвинуваат за иста работа, Доминго рекол дека овие денови лесно е да бидете против некој кој не го сакате.

– Доколку имате нешто против некоја личност, известете не. И заплетот е осмислен – рекол Доминго.

Коментирајќи ја изјавата на координаторот на Операта во Лос Анџелес, дека се обидувал да не става девојќи во соба со Доминго поради пробите, тој рекол дека тоа е најголемата клевета од сите.

Слични содржини