Растојанијата, работата со убави колеги или колешки, големото его – ова се само дел од причините за развод и тоа не само кај нас, обичните луѓе, но и кај познатите.
Во повеќето нормални бракови паровите имаат можност да имаат многу време заедно и споделување на мали и големи моменти од својот живот. Но, кога станува збор за врските на познатите, тие доста често не ги гледаат саканите за прилично долги периоди на време. Еве и доказите:

Хајди Клум поднесе барање за развод со Сијл во 2012 … Двајцата едноставно немале можност да бидат доволно време заедно и тоа доведе до нивниот крај.
Работата со секси колеги секој ден
Ние ја немаме истата среќа, но за ѕвездите да бидеш цел ден рамо до рамо со секси познат колега и да соработуваш во филм, е секојдневие. Нема ништо чудно во тоа што познатите се покажуваат со други половини, додека се на сетот, иако има некој кој ги чека дома.
Кога Бред Пит почнал да го снима “Господин и госпоѓа Смит” заедно со Анџелина Џоли, тој признава дека се заљубил во прекрасната актерка уште на терен, кога во тоа време беше во брак со Џенифер Анистон.
Кога си ѕвезда, буквално има луѓе кои се фрлат во нозете
Кога ќе почнеме од атрактивни колеги или едноставно фанови, понекогаш ѕвездите не можат да го издржат импулсот и се лизнуваат.
Во 2005 Сандра Булок се омажила за реалити ѕвездата Џеси Џејмс.
Само 5 години подоцна неверството на Џеси стана вест на целиот свет, кога неколку жени открија дека биле со него за време на бракот со Булок.
Преголемото его
ѕвездите имаат многу пари, многу можности и дефинитивно многу големо его.
Кога станува збор за тоа да го поправат бракот и да работат на проблемите, тие претпочитаат едноставно да излезат од проблемите побрзо.
Колку побрза е врската на две познати личности, 100 пати побрз ќе е разводот им.