Познато кога и каде ќе биде погребан Алексеј Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во арктичката казнена колонија, ќе се одржи во петок во Москва, потврди неговата портпаролка.

„Неговиот погреб ќе се одржи во црква во југоисточниот кварт Марино во Москва во петок попладне“, наведе во вторникот Кира Јармиш. Погребот ќе се изврши на блиските гробишта.

Руската поправна служба соопшти дека Алексеј Навални починал во затворската колонија каде ја издржувал казната.

Службата навела дека Навални изгубил свест за време на прошетка во арктичката автономна област Јамал-Ненет, каде што се наоѓа колонијата.

Руските власти извршија неколку инспекции за да ги утврдат фактите околу неговата смрт.

Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, откако беше хоспитализиран во Германија, каде што се лекуваше од труење. Западните земји и самиот Навални ја обвинија Русија за труењето, што Кремљ го негира.

Тој беше осуден на 19 години затвор под обвинение за екстремизам и други кривични дела.

Слични содржини