Познато кои се првите жртви на чистката во Јунајтед

од Vlatko K
97 прегледи

По неуспехот против Хадерсфилд и конечното умирање на надежите за место во Топ 4, англиските
медиуми објавија дека во текот на летото ќе има чистка меѓу играчите на Манчестер Јунајтед. А
денеска станаа јасни имињата на првите пет кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“.


Првите тројца се чинеа јасни подолго време. За еден од нив – капитенот на клубот Антонио
Валенсија – од март се знаеше дека нема да го обнови договорот. Во оваа ситуација се и Шпанците
Андер Ерера и Хуан Мата. До почетокот на мај тие преговараа за продолжување на нивните
договори, кои истекуваат на 30-ти јуни. Но, по лошите резултати, раководството ги повлекло своите
понуди.

И додека за ова трио работите се лесни, бидејќи не се обврзани со договори, тоа не е случај со
другите двајца, кои Солскјер сака да си заминат. Ова се Антони Марсијал и Алексис Санчез, кои
добиваат огромни плати во клубот.

Норвежанецот му кажал на раководството дека сака да ги продаде по секоја цена при првата
понуда. Чилеанскиот репрезентативец го налутил Солскјер поради постојаните повреди, неговиот
несериозен став и слабата игра.

Постои и еден специфичен повод за гневот на Норвежанецот кон Марсијал.

Младиот Французин не се загреваше пред натпреварот со Челзи, а потоа во текот на неделата бил
несериозен на тренинзите. Затоа беше изваден од составот со Хадерсфилд и иако тој го продолжи
договорот за пет години во јануари, тој ќе биде продаден во текот на летото.

Во прилог на овој квинтет, се очекува дека најмалку пет други играчи на актуелниот тим ќе бидат
продадени во текот на летото. Но, кои ќе бидат, ќе се разбере за време на летниот прозорец.