Дани Алвеш излезе од затвор во околината на Барселона, со оглед на тоа што е платена кауција од еден милион евра. Бразилецот помина 14 месеци зад решетки и сега е на условна слобода.
На многумина им беше чудно што самиот фудбалер, кој заработил многу пари во кариерата, ја нема потребната сума за кауција. Сепак, тоа беше факт, па пријателите мораа да дојдат на помош. А Дани очигледно ги има.
Најпрво Алвеш од уште поголеми казни го спаси Нејмар, кој на девојката што беше жртва и плати отштета од 150.000 евра, па казната беше намалена за 50 отсто, осуден е на четири и пол години затвор.
Нејмар беше и главен кандидат да плати кауција од еден милион евра, но подоцна веројатно под притисок на јавноста се откажа од неа. Што автоматски значеше дека Алвеш мораше да помине уште неколку дена во затвор.
🚨🚨Memphis Depay showed up at the time of need to Dani Alves
— Out of Context EPL (@Out_contextEPL) March 26, 2024
И тогаш се појави спасител, ни помалку ни повеќе од напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај. Дани Алвеш и холандскиот фудбалер играа заедно за Барселона, не премногу долго, но очигледно многу се зближиле.
Освен оваа бројка, Алвеш морал да ги предаде и двата пасоши што ги поседува (бразилскиот и шпанскиот), а постојано ќе биде под полициски надзор, со забрана за приближување до жртвата на силување.
Депај неодамна проговори за правните проблеми на своите пријатели на теренот. Зборуваше за Алвеш, Бенџамин Менди и Квинси Промес.
– Луѓето би морале да знаат дека имам тешко минато. Брат ми одлежа десет години затвор и едвај го видов. Менди и Дани Алвеш се вмешани и во криминални случаи, но тоа не значи дека тие веќе не се мои пријатели – рече Депај и потоа го спомна Промес: „Не го познавам Квинси како што го опишуваат. Не сакам да ги оправдувам нивните постапки или да ги поддржувам, но никогаш нема да ги изневерам“.