480
Ефикасноста на вакцината „Спутник V“ изнесува 97,6 проценти, покажуваат резултатите од анализата на податоците за околу 3,8 милиони вакцинирани Руси, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Националниот центар за истражување Гамалеја и РДИФ објавија дека ефикасноста на вакцината „Спутник V“ е на ниво од 97,6 проценти, покажуваат резултатите од анализата на податоците за зачестеноста на коронавирусот кај Русите вакцинирани со обете дози на вакцината, пренесе ТАСС.
Според податоците за вакцинацијата, 3,8 милиони Руси кои ги примиле обете дози на вакцината во периодот од 5 декември 2020 година до 31 март 2021 година, инциденцата која започнала на 35-тиот ден по првата вакцинација била само 0,027 проценти.