Светот на Формула 1 е познат по уникатната комбинација на луксуз и ризик. Пилотите од
најпрестижниот моторен спорт тонат во сјај и благодет, но истовремено се подложуваат на
исклучителен напон и опасни по живот ситуации. Секако, некои се многу поголеми ѕвезди од
другите, но тешко некој да се жали на лош животен стил. Разликите меѓу првиот и последниот се
значајни, но какви се вистинските плати во бројки?
Без никакво изненадување, петкратниот светски шампион Луис Хамилтон е соодветно оценет:
актуелниот негов договор е до крајот на 2020, а Британецот добива над 45 милиони евра годишно.
Оваа сума, се разбира, не вклучува бонуси и приходи од реклами.
Договорот на Себастијан Фетел е за истиот период, но тој заработува 35 милиони евра годишно во
Ферари. Трет на листата е Даниел Рикардо, кој речиси за три пати го зголеми надоместокот со
преминот од Ред Бул во Рено, и ќе добива 30 милиони. Поранешниот негов тимски колега, Макс
Верстапен буквално останува далеку назад со „скромни“ 11,5 милиони евра.
Топ 5 се затвора од Валтери Ботас, кој е во последната година од својот договор со Мерцедес, и ќе
прибере 7,5 милиони евра.
Еве ја и целосна листа на плати на Ф1 возачите (без бонуси и реклами):
Луис Хамилтон (Мерцедес) – 45.000.000 евра
Себастијан Фетел (Ферари) – 35.000.000 евра
Даниел Рикардо (Рено) – 30.000.000 евра
Макс Верстапен (Ред Бул) – 11.500.000 евра
Валтери Ботас (Мерцедес) – 7.500.000 евра
Кими Раиконен (Алфа Ромео) – 4.000.000 евра
Нико Хулкенберг (Рено) – 4.000.000 евра
Карлос Сајнц Џуниор. (Мекларен) – 3.500.000 евра
Шарл Леклер (Ферари) – 2.900.000 евра
Серхио Перез (Рејсинг Поинт) – 2.900.000 евра
Ромен Грожан (Хас) – 1.600.000 евра
Пјер Гасли (Ред Бул) – 1.150.000 евра
Ленс Строл (Рејсинг Поинт) – 1.000.000 евра
Кевин Магнусен (Хас) – 1.000.000 евра
Роберт Кубица (Вилијамс) – 500.000 евра
Даниел Квјат (Торо Росо) – 266.000 евра
Ландо Норис (Мекларен) – 230.000 евра
Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) – 200.000 евра
Џорџ Расел (Вилијамс) – 162.000 евра
Александар Албан (Торо Росо) – 150.000 евра