Ден кој Макс Круз ќе го памети засекогаш. Со капитенската лента околу раката ја предводеше Германија до драматична победа над Саудиска Арабија во второто коло на олимпискиот турнир (3: 2), а по мечот во Јокохама заплови во брачните води.
За време на интервјуто за една од телевизиските станици, проверениот напаѓач ја запроси девојката Дилара, со која е во врска последната година, откако потпиша за Унион Берлин.
„Те сакам. Дали ќе се омажиш за мене? “, јо праша Круз својата избраничка директно во камерата.
No way Max Kruse proposed to his girlfriend on national tv while wearing a shirt that says "I love you, will you marry me“ in Kurdish 🥺 Hope she accepts, heval @MaxKruse_10 ❤️ pic.twitter.com/Bh1AXCqEEv
— Deniz (@TiagoEra) July 25, 2021
Неколку моменти подоцна, од Германија пристигна информација дека Дилара кажала „да“, па среќната двојка ќе се венча веднаш штом ќе заврши натпреварот во Јапонија, каде дивизијата „Панцер“ има амбиции да оди чекор подалеку отколку во Рио де Жанеиро во 2016 година кога во финалето беа поразени од Бразил.