Пратеничката Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ позитивна на коронавирус

од Берта Китинска

Пратеничката Јадранка Поцкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на коронавирусот, пренесоа повеќе медиуми.

Покрај неа, во изминатите денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Претходно, пак, инфициран со коронавирусот беше и Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна просторија во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, рече дека и покрај позитивни случаи во Собранието, треба непречено да работи, а пратениците кои се позитивни, да работат од далечина.
„Пандемијата со коронавирусот драстично го промени секојдневното функционирање насекаде низ светот.

Исклучок од тоа не се ниту институциите во нашата држава, исклучок не е ниту Собранието на Република Северна Македонија.

Заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, како парламентарно мнозинство на денешната координација повторно ја објаснивме потребата од промена на Деловникот со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација.

Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, пристуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн.

Слични содржини