Пратеничката Садики-Шаини од Алтернатива: Гаши ќе се сретне со Заев

од Берта Китинска
484 прегледи

Алтернатива ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за средба со лидерот Африм Гаши, потврди за „Локално“, пратеничката Сафије Садики-Шаини од редовите на Алтернатива.

Таа во кусата изјава за нашиот медиум не откри детали објаснувајќи дека наредната недела партијата заедно со своите челнови ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за нивната одлука околу можноста партијата да стане дел од парламентарното мнозинство.

Заев вчера во изјава за Алсат потврди дека во текот на денот имал комуникација со лидерот на партијата Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата.

Од следните потези на опозициската Алтернатива во многу нешта ќе влијаат на излезот од кризата.

„Пред избори во Бугарија, пред датум за почнување на преговорите со ЕУ, по локалните избори, ставот на Алтернатива е дека не е добро сега да се оди на избори“, изјави Гаши, кој беше дециден дека неговата партија нема да отстапи од евроатланскиот пат на земјата.

Слични содржини