Пратеничката Зајкова од Букурешт: Каков и да е резултатот да навиваме и да славиме

од Берта Китинска
454 прегледи

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова со апел денес во 18.00 часот сите заедно, обединети да им дадеме поддршка на македонската фудбалска репрезнтација на натпреварот во Романија против Австрија

-Денес во 18.00 часот сите заедно, обединети да им дадеме поддршка на нашите момци.

Каков и да е резултатот да навиваме и да славиме.

Апелирам да се воздржиме од навредливи коментари за момците како што си знаеме да даваме и анализираме по социјалните мрежи после секој натпревар, бидејќи сепак фудбалот е спорт, а на нашите момци им требаме обединети и позитивни како ветер во грб.

Денес го живееме сонот на една генерација…

Денес сите заедно сплотени навиваме за нашиот тим.

Навиваме за Македонија

Денес играјте со срце на терен.

Играјте за вас, за нас, за Македонија.

Среќно момци, Вие сте нашите херои кои не прават горди, напиша Зајкова.

Еден од натпреварувачите е и нејзиниот брат Ѓоко Зајков.

Слични содржини