Пратенички ИМУНИТЕТ! Ем пратеници ем под закани од обвинителствата !?

од Vladimir Zorba
156 прегледи

 Познато е дека  некои пратеници на ВМРО ДПМНЕ се регистрирани од собраниските камери како учествуваат во „крвавиот четврток“ и со отворање на вратите и  упатување на толпата, и токму тие се цел на истрага и можно обвинение за „собранискиот пуч“ и координација со насилниците кои направија обиди за убиство на пратениците на тогашната опозиција. Некои од нив деновиве се делегирани за членови на собраниските комисии кои   ќе треба да решаваат за одземање на нивниот пратенички имунитет, во случај на соочување со судски процеси.

Пратениците Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски се предложени да бидат членови на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски прашања.  За претседател на Комисијата за надзор на тајните служби УБК и АР е предложен пратеникот Трајко Вељаноски.  Тука е  и пратеничката Даниела Рангелова  која   е предложена за претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Сите тие се под закана за можни обвиненја што од ОЈО што од СЈО.

 Во извештајот на МВР за настаните во Собранието од „крвавиот четврток“, на 27 април, КРСТО Мукоски е наведен како еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кој ги тргна безбедносните рампи  на вратите на Собранието  и  дозволиле демонстрантите да влезат во собраниската зграда. ЈОХАН Тарчулоски на снимките од собраниските безбедносни камери се гледа како ја насочува толпата, наместо кон салата кон просториите на прес центарот каде се наоѓаат Зоран Заев, Зијадин Села , Талад Џафери и другите пратеници на парламентарното мнозинство.

Едни од првите  пратеници кои може  да се соочат со кривични пријави за овие настани се токму Мукоски и Тарчулоски , но за да тоа се случи, ако се случи, првин во Собранието ќе мора да се гласа за одземање  на нивниот пратенички имунитет, па според предлогот испаѓа дека тие самите ке треба да си гласаат против себе.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата чиј претседател е Илија Димовски ,за претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетски прашања го предложи Павле Богоевски од СДСМ. За членови предложени се и Трајко Вељаноски, Борис Змејковски (ВМРО­ДПМНЕ), Сашко Костов, Александар Кирацоски, Мирослав Јовановиќ (СДСМ) и Агим Шакири (ДУИ).

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, но и  таа е под истрага овојпат на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство пред Основниот суд Скопје 1 поведе процес за случајот од 2013 година со шамарите во општина Центар во кој Рангелова е една од 13-те  обвинети. Таа е обвинета дека од просториите во Советот на општината, ги координирала по мобилен телефон насилниците кога да „удрат“ врз бараката во која беа таа и останатите советници .Полицијата и тогаш не реагираше, а насилниците на ВМРО ДПМНЕ се покриваа дека бранат„ уривање на новата црква“која наводно Жерновски ќе ја урнел како дивоградба во центарот на Скопје. Слично како што сега нападот  врз Заев и пратениците на мнозинството се криеше зад „унитарноста на Македонија“.

Рангелова е една од осомничените и во најновиот случај на СЈО „Талир“ за незаконско финансирање на својата партија ВМРО-ДПМНЕ. ЗА тој процес допрва ќе следи разврска и голема веројтаност е да бида вклучени и други видни личности на партијата.

Од другите врвните фигури на ВМРО ДПМНЕ,распоредени по собраниските комисии се и  екс претседателот на парламентот Трајко Вељановски, кој има голем удел во подгревање и заострување  на атмосферата преку блокирање на конститутивната седница. Тој   е предложен за претседател на Комисијата за надзор на тајните служби УБК и АР, а за   претседател на Комисијата за надзор на мерките за следење на комуникации е предложен Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, последниот техничкиот премиер на Никола Груевски.