Пратениците ќе им поставуваат прашања на министрите и премиерот

од Nikola Popovski
58 прегледи

Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања, кои ќе бидат последни за оваа календарска 2024 година.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот.

Од Собранието, информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.

Согласно Член 42 – (1) Пратенички прашања од пратениците од пратеничките групи во опозиција и од пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група се поставуваат еднаш месечно, во денот кога се одржува седница на Собранието. Доколку во текот на месецот не се свикани седници, претседателот на Собранието задолжително свикува една седница заради поставување на пратенички прашања. (2) Пратеничките прашања од ставот (1) на овој член се поставуваат по утврдувањето на дневниот ред на седницата во траење од два часа.

Слични содржини