Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите

од Nikola Popovski
267 прегледи

Во Собранието денеска ќе се одржи седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски и министрите ќе одговараат на прашања на пратениците за актуелните теми во земјава. Се очекува во фокусот да биде она за што изминативе денови има меѓусебни обвинувања- безбедноста, претстојните избори и економијата.

Вообичаено предходно собранискиот спикер Џафери на брифинг со медиумите за актуелните теми и за работа на законодавниот дом.

Почетокот на денешната седница е закажан за 11 часот.

Слични содржини