Пратеник од ДУИ го обвини Трајанов дека учествувал во поделби на политички партии

од Nikola Popovski
221 прегледи

Пратеникот од редовите на ДУИ, Бајрам Кадрија денеска од собраниската говорница го обвини лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека учествувал во распаѓањето на сега веќе поранешната партија ПДП и дека учествувал во делбата на ДПА на Мендух Тачи.

-Не знам како стигнавте да бидете во Собранието од служба што е позната по поделби. Второ, вие без никаков срам носите на товар многу судбини на многу семејства. Зборувавте за Смилковско езеро, а вашата служба каде што бевте, 98% се како вас – работат привремено таму, а се мешаат во многу работи каде што не им е професија. Сигурен сум дека сте вмешани и во поделбите на многу партии… Познати сте по тоа дека сте биле вклучени во поделбата на ППД и делбата на ДПА и тоа ви е силна страна, кажа Кадрија.

Ова следува како пратеникот и лидер на ДС повика да се отворат Хашките случаи. Според него, злосторствата против човештвото не застаруваат.

Слични содржини