Пратеникот на СДСМ и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски е позитивен на коронавирус. Тој денес ја сподели веста на својот Фејсбук профил.
„Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден Pcr тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен . Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје“, објави Каевски.
Според последните информации, уште еден пратеник чека резултати од тест, појасни координаторот на СДСМ Јован Митрески на почетокот на 30-тата седницата за која се уште не е утврден дневниот ред, е причината поради која во Собранието не може да се обезбеди кворум од 61 пратеник за работа.