Пратениците ги изгласаа антикризните мерки на Владата

од Nikola Popovski
256 прегледи

Вечерва Собранието со 95 гласа „за“ и без ниту еден „против“ или „воздржан“ ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата.

Усвојувањето на овие два закони овозможи реализација дел од планираните мерки од пакетот со 26 мерки кои вчера Владата ги предложи.

Мерките се вредни 400 милиони евра, а Владата смета дека со нив ќе се заштити стандардот на граѓаните и економијата, а со тоа ќе се помагне и на компаниите и стопанството.

Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Слични содржини