Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

од Берта Китинска
141 прегледи

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 83. седница на која пратениците ќе поставуваат прашања до членовите на Владата.

Седницата со пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот.

Почетокот на седницата е предвиден за 11 часот.