154
Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира денеска пратениците од следната недела ќе почнат да работат со присуство во редовната сала бр. 1.
„Таа сала би се отворила и за новинарите, но се зависи од тоа кој ќе биде ставот на државната здравствена комисија“, вели Џафери.
Со тоа, пратениците на кои ова им е прв мандат во јуни првпат ќе влезат на седница во „вистинската“ пленарна сала.
Тој соопшти дека Владата подготвува ребаланс на буџетот и дека тој наскоро ќе стигне во Собранието.
Џафери дека очекува ребалансот да стигне во парламентот до крајот на овој месец.