Пратениците на викенд, багерите паркирани, а седницата продолжува дури во понеделник

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Парламентот на продолжен викенд. Треба да се сумираат сите навреди и митингашките настапи од собраниската говорница.

Според најавите, Собранието на Македонија, треба да ја  продолжи работата во понеделник. Пратениците се на третата точка – избор на комисија за избори и именувања, која е блокирана од менаџментот на Трајко и неговата партија ВМРО ДПМНЕ.

Парламентарното мнозинство не успеа да наметне гласање за да се прејде на следната точка како побитна. Претседавач Трајко тоа не го дозволи и покрај навредите и од негова страна и од страна на пратениците и прекините за КООРДИНАЦИЈА.

На собраниската говорница вчера  ИСТО КАО И ПРЕТХОДНИТЕ 7 ДЕНА пратениците зборуваа преку реплики- контра реплики и  процедурални забелешки. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека намерата да се одземе збор на пратеник е класично политичко насилство и обид за државен удар, а  недозволуваат да се гласа во параламнет оти тоа било демократија и прпоцедура.

Пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците рекоа дека Собранието намерно се блокира со цел да не се пристапи кон изјаснување по нивниот предлог за избор на нов претседател на парламентот, и бараат претседавачот Трајко да се повлече  бидејќи безобразно го крши деловникот и Уставот , што се докажува со трите пресуди од Стразбур, каде директно е инволвиран токму тој како  екс претседател на парламентот.

Синоќа и покрај паничните повици да се собере многу народ пред Парламентот ,за да спречат избор на парламент, издишана бројка на малку поддржувачи кои беа донесени со неколку комбиња и автобуси. Иако Трајко заврши сам работа и ја прекина седницата, протагонистите  за „Заедничка Македонија“ на  сцената  настапија во стилот на „ срспко сценарио ала Милошевиќ“ беа донесени и два багера кои горе долу ги вртеа корпите накај влезот на Собранието, оставајќи порака дека ќе рушат ако треаба  само за да ја„ бранат Македонија“.Сепак поддршката од таквите беше симболична, останатите го искажуваа своето несогласување со загрозеноста според нив на унитарноста  на Македонија