Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица му ја вратија интерпелацијата на Џафери

од Nikola Popovski

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно му испратиja одговор на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со комплетно истата форма на интерпелацијата за него. Тој минатата недела им ја врати на дополнување затоа што била неусогласена со Деловникот и во нејзе не се користело уставното име на државата иако е поднесена со назнаката С.Македонија.

Интерпелацијата и нејзината форма се единствени врз нив не се применуваат одредбите кои што се однесуваат на предлог на закони како што е наведено во самото барање односно не се повикуваат на членот 136 од Деловникот, рече денеска координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон. Така да, одговорот е поднесен до претседателот на Собранието, очекуваме службите да го обработат и истиот да стигне кај претседателот“, посочи Мицевски.

ВМРО ДПМНЕ, поддржана од Левица, поднесе интерпелација против Џафери бидејќи противуставно се обрати на албански јазик во Европскиот парламент, и покрај тоа што  службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот.

Слични содржини