Пратениците се скараа дали буџетот за 2020 година бил развоен или предизборен

од Aleksandar Todeski
491 прегледи

Буџетот за 2020 година кој го презентираше министерката за финансии, Нина Ангеловска ги скара пратениците, дали е развоен или популистички. Владејачката коалиција останува на ставот дека буџетот е влог во човечкиот капитал, додека пак опозицијата вели дека е предизборен.

 

Пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, рече дека буџетот е социјален, но не е развоен. Додека таа говореше, од седиштата и дофрлаа колегите од нејзината пратеничка група, на што таа одговараше „така е колега“ и „точно“.

„Она што како назив го имате за буџетот, дека е инвестиција во човечки капитал, мислам дека уште на почетокот ви е погрешен затоа што уште на комисија кажав дека да се вложи во човеки капитал значи подобро образование, вложување во науката, а овој буџет тоа не е. Овој буџет, се согласивме пратениците од опозицијата кои учествувавме во расправата е социјален буџет, ама воопшто не е разовен буџет. Јас нотирав дека го употребивте многу пати зборот „сакам“ за да направите нешто со овој буџет, ама не видовме што можете“, рече Кузмановска.

Буџетот таа го окрактеризира како популистички и предизборен, бидејќи се покачувале платите и пензиите. Според неа, даночната политика која ја води министерката Ангеловска донела до тубуленции во делот на нејзиниот капацитет и во тоа што значи идеја и како да се реализира.

Според опозициската пратеничка, со решенија како „МојДДВ“ не се решавале ниакви проблеми, но и дека била популистичка мерка, бидејќи кај посиромашните граѓани, повратот ќе бил многу помал. Кузмановска праша и од каде се парите за повисока пензија, нарекувајќи го зголемувањето на пензиите лага.

Таа обвини дека од над 300 амандмани, биле прифатени само два, тврдејќи дека проектите во буџетот немале реална основа за остварување.

На говорот на Кузмановска реплицираше пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, кој рече дека во првите два квартали за 2017 година, ВМРО-ДПМНЕ направиле хаос.

„Се вложуваат во покачувања од 7 до 15 проценти. Зборавивте оваа влада што прави, враќа долгови, бидејќи претходно многу се задолжувавте. Над 500 милиони евра треба да се вратат идната година. За каков долг зборувате, кога владата ги враќа долговите направени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Велковски.

Кузмановска пак му реплциираше дека не е битно што правеле тие кога биле на власт и дека е важно зошто се прави задолжувањето, дали се прави за автопат, градинка и слично, велејќи дека реализацијата на капиталните инвестиции биле 40%.

Реплицираше и пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека ќе ги изгуби изборите, па затоа вели дека буџетот е предизборен.

„Колешке велите од каде ги наоѓате парите. Само во еден дел ќе ви одговорам. Десет години сте планирале по 10 милиони евра народни пари, не од ваш џеб, не од белата палата пари, туку народни пари за реклами, за да се пофалите, да ставите панделки на чешмите и тогаш сте стискале зелено копче. За разлика од вас, кои 11 години денар не вложивте за човечкиот капитал, оваа влада издвојува за истот, но и за сите граѓани“, рече Костадинов.

А.Т.

Слични содржини