Собранието и официјално денеска треба да почне со работа.
По речиси еден месец пауза за летни одмори,претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за деновите до петок и периодот што доаѓа.
Дали Собранието по летните одмори ќе биде функционално или ќе работи како и досега, зависи од волјата на политичките партии.
Една од најголемите обврски на пратениците која остана недовршена, е изборот на уставни судии во Комисијата за избори и именувања.
Според најавите од пред одморот може да се очекува да бидат закажани и продолженија на веќе започнати седници.
Првата нова седница е најавена за 13 септември.