Функционери на ЕУ се обидуваат да го оправдаат потегот на Европската комисија (ЕК) да ги прифати 15%-те царини за извоз во САД, откако трговската спогодба што ги предвидува ваквите царини беше објавен викендов. Царините и другите услови беа мета на силни критики од различни експерти и политичари во ЕУ.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен со својот преговарачки тим викендов отиде во голферскиот ресорт на претседателот на САД, Доналд Трамп, во Турнбери, Шкотска и оттаму објави дека е постигната рамковна трговска спогодба за 15% царини. Веднаш уследија критики од индустријата и од експерти дека Европа под тие услови е поразена.
„Ова е очигледно најдобрата спогодба што можевме да ја постигнеме во многу тешки околности. Спогодбата ги спасува трговските текови, спасува работни места во европа и отвора ново поглавје во односите ЕУ и САД“, рече вчера Марош Шефчовиќ, ЕУ комесарот за трговија.
„Не станува збор само за трговија: станува збор и за безбедноста, за Украина, за моменталната геополитичка нестабилност“, додаде тој, имплицирајќи дека осигурувањето на постојана воена поддршка на Вашингтон за Украина и НАТО имало клучна улога во преговорите и во притисокот на Брисел да ја склучи ваквата спогодба.
Но индустријата не мисли дека условите се поволни. За разлика од италијанската премиерка Џорџиа Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон остана нем. Неговиот премиер Франсоа Барју, од друга страна, остро ја критикуваше спогодбата како чин на „покорување“ на Вашингтон.
Покрај Бајру, реагираа и негови министри.
Реакции од Франција за трговскиот договор ЕУ-САД: Не е урамнотежен, ова не е крај на приказната
Федерацијата на германските индустрии (BDI) ја критикуваше спогодбата со која „се реши“ царинскиот спор меѓу ЕУ и САД, оценувајќи дека рамковниот договор испраќа катастрофален сигнал на економиите.
Остра критика од Германија: Царинската спогодба со САД испраќа „катастрофален сигнал“
„Спогодбата е неадекватен компромис и испраќа катастрофален сигнал на тесно поврзаните стопанства на двете страни на Атлантикот“, се вели во реакцијата на BDI објавена завчеравечер.
Реакции дојдоа и од германското Здружение на автомобилската индустрија (VDA). Според неговата претседателка, Хилдегард Милер, американската царина од 15% на автомобилските производи, ќе ги чини германските производители милијарди евра секоја година.
Не запираат критиките од германската индустрија за трговската спогодба ЕУ-САД
Во Франција здружението на големи фирми „Медеф“ порача дека исходот покажува дека ЕУ сѐ уште го нема почитувањето што го заслужува. Конфедерацијата на мали и средни претпријатија оцени дека спогодбата ќе има катастрофални последици.
„Лекцијата од оваа спогодба: Ние сме економски џин, но политичко џуџе“, рече Валери Ајер, водач на либералната група Renew во Европскиот парламент (ЕП).
За нејзин германски колега, Трамп победил.
„Трамп победи, тука нема дилеми“, рече Бернд Ланге, германски социјалдемократ и претседател на Комисијата за трговија во ЕП.
Во рамки на спогодбата, Брисел не само што се согласи да ги укине царините на одреден увоз од САД, како автомобилите, туку и се обврза да купи енергија од САД во вредност од 750 милијарди долари и да вложи дополнителни 600 милијарди долари директно во стопанството на САД.