Правдата е спора, но доаѓа – кажа Мицкоски откако од ДУИ обвинија за „етничко чистење“ на институциите

од Nikola Popovski
76 прегледи

За обвинувањата во ДУИ дека се случува „етничко чистење“ по институциите и се отпуштаат полицајци и вработени во ресорот здравство, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „колку повеќе се дава значење на оваа реторика, тие ќе бидат се пожестоки“. Според него, постојат луѓе во МВР кои биле дел од партии и ја злоупотребиле својата положба – нелегално издавале оружје и како што вели, нормално е да се санкционираат.

-Како ќе доаѓа до криминалците, се пожестока ќе биде реториката. Првите кога ќе влезат во притвор и првите судски процеси, уште појако ќе биде. Ова е борба со криминалот и тој нема етничка и партиска припадност. Правдата е спора, но доаѓа. Тие сега за да го заштитат криминалот и имотите, единствена алатка им е ова. Ве молам да не придаваме значење. И кај сите наши меѓународни партнери доаѓа до негодување (на нивните реакции), рече премиерот по Годишната конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество.

Претседателот на Владата ја обвини партијата на Али Ахмети дека „22 години се виновни што се случи егзодус на Албанците од многу општини“.

-150 илјади Албанци помалку. Сега нека судат граѓаните кој е правиот егзодус, а кој работи за доброто на граѓаните, додаде Мицкоски.

Слични содржини