„Правдата не е пазар“ порачаа демонстрантите во маички со ликот на Фета Алими

од desk2
198 прегледи

Пред Кривичниот суд денеска имаше протест против осудителната пресуда што му беше изречена на Абдулфета Алими, вработен во обезбедувањето на Собранието, а за настаните од 27 април.

Демонстрантите се собраа пред споменикот на Скендербег и маршираа до судот каде скандираа пароли со поддршка за Алими.

На нивните транспаренти пишува: „Ова не е правда“, „Слобода за Фета Алими“ и „Правдата не е пазар“.

И пратеникот Зијадин Села им се приклучи на демонстрантите кои бараат правда за Абдулфета Алими, осуден во случајот „27 април“. До него е и синот на Алими.

Села тврди дека Абдулфета е херој и дека му го спасил животот при насилниот упад во Собранието.