Правилно шминкање: Што треба прво да нанесете на лицето?

од desk4

Трендовите на шминкањето се менуваат секоја година, но неколку правила важат како закон и секогаш мора да се испочитуваат, за да постигнете ненападен и свеж изглед.

Тајната на секоја шминка, без разлика дали е дневна или вечерна, се крие во самиот почеток на шминкањето, односно во нанесување на подлогата.

Фото: Unsplash

Пред да ставите пудра, важно е да нанесете подлога, позната во шминкерскиот свет како „прајмер“, која го матира лицето и ги измазнува порите. Веднаш потоа се нанесува коректор, за прикривање на ситните несовршености.

Дури потоа на ред доаѓа пудрата. Важно е да не прескокнувате чекори, дури и ако ја имате најдено совршената пудра за вашиот тип на кожа.

Со прајмерот, коректорот и пудрата ќе постигнете изедначен тен, кој пак е основа на одличниот изглед.

Дури откако ќе ги поминете овие три важни чекори, можете да почнете со нанесување декоративна козметика и да експериментирате со боите и нијансите кои ви одговараат.

Слични содржини