Преброени 99,38 отсто од гласовите во Турција, еве колку освои Ердоган

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Врз основа на 99,38 отсто од преброените гласови на претседателските избори во Турција, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган освоил 49,42 отсто од гласовите, изјави денеска претседателот на Високиот избирачки одбор, Ахмет Џенер.

Резултатот на Ердоган веројатно ќе биде помал од 50 отсто плус еден глас потребни за победа на изборите во првиот круг, пишува турската РТВ Хабер.

Главниот ривал на Ердоган, Кемал Киличдароглу, освои 44,95 отсто, третопласираниот кандидат Синан Оган 5,2 отсто, а четвртиот Мухарем Инџе 0,43 отсто од гласовите.

Слични содржини