Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 91,03 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,67 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,18, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 10,84 отсто.
Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 282.662 граѓани, за Силјановска 279.403, а за Река 71,805 граѓани. Неважечки се 28,393 ливчиња.
Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.