Пред 8 години почина Витни: Нови шокирачки детали од обдукцијата

од Elena Daskalova

Во 2012 година, на денешен ден почина Витни Хјустон. Нејзиното тело беше пронајдено во бањата на хотелската соба. Таа почина на помалку од 24 пред доделувањето на наградите Греми.

Поради тоа, продукцијата итно испланира трибјут посветен токму на Витни, Џенифер Хадсон ја испеа „I Will Always Love You“, а раперот LL Cool J се помоли за неа.

Осум години по нејзината смрт, поголем број светски таблоиди објавуваат детали од обдукцијата, досега непознати за јавноста. Како официјална причина досега беше наведена застојот на срцето и случајното давење. Според нејзината помошничка, која ја пронашла во кадата, водата била топла, но се верува дека во моментот кога настапила смртта, водата била врела околу 66 степени Целзиусови.

„Дејли мирор“ објавува и дека во обдукцискиот извештај пишувало дека недостигале 11 предни заби, веѓите ги немало, на целото тело имало изгореници, а на левиот лакт имало видливи траги од игла. Едната од главните артерии била речиси целосно блокирана. Сепак, сето ова може да се објасни со користењето на естетските протези, како и исцртувањето на веѓите со помош на шминка.

Оваа година Витни ќе биде постхумно одликувана како дел од Халата на славните, заедно со други големи музички имиња.

Слични содржини