Големиот комичар Чарли Чаплин, сакал да биде запаметен со филмот “Златната треска”. Во 1998 година водечките филмски критичари и експерти ја овековечија оваа 24-каратна комедија како еден од 100-те најдобри американски филмови на Американскиот филмски институт. А неодоливиот мал човек, Чаплин најверојатно ќе остане во срцата и на следните генерации.
Сето ова започнува на денешен ден во 1925 година во Холивуд е прикажана премиерата на филмот “Златната треска”. Комедијата е од периодот на немото кино. Режисер и сценарист на филмот е Чарли Чаплин, кој ја глуми главната улога со својот симболичен карактер на скитник. Филмот го зацврсти мајсторство на Чаплин во мешањето на комедијата со трагичното. Тоа е и единствената нема комедија на големиот актер и режисер, кој е сниман според подготвено сценарио. Интересен е фактот дека за улогата на истражувачи на златото се вработени 2500 скитници. Перфекционистот Чаплин ја менува монтажата на филмот цели 27 пати пред да стигне до финалната верзија. Во филмот зад сцената се зборува за златото на Аљаска – надеж и сон за илјадници мажи кои ја бараат своја среќа во мразот. Надвор од клисурата Шилкуд сепак владее глад, беда и студ. Некои се откажуваат и се враќаат, само храбрите остануваат, но многумина гинат меѓу снеговите. Во позадината се прикажани кадри на планинско гратче меѓу снежните планини, од што тргнуваат во колона бројни авантуристи – некои паѓаат на земјата, други продолжуваат.
80