505
“Оригинал” ташни за 300 денари, “оригинал ” патики за 800 денари, јакни, кошули, накит, козметика, долен веш, “златен”накит, еден куп светки… се на едно место, но пред да велезете на пазарот ќе треба да ги дезинфицирате рацете.
Пазарот Европа во скопската општина Шуто Оризари вчера беше повторно отворен за купувачи повторно после 45 дена.
На влезовите се поставени средства за дезинфекција а купувачите се повикуваат да носат маски.
Ова беше објавено и на Фејсбук страницата на пазарот.