638
На 08.01 во 11:25 часот, 47-годишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да ѝ изработи мебел за домот и притоа му платила определен паричен надоместок.
Меѓутоа, и по два месеца, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот не ѝ бил испорачан ниту, пак, парите ѝ биле вратени.
Тетовската полиција презема мерки за расчистување и документирање на случајот.