Пред присуствувањето на церемонијата на отворањето на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) претседателот на советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ се прошета по сараевска Башчаршија со македонскиот премиер Зоран Заев.

Во денепните разговори истакнаа дека двете земји имаат добар однос, и дека немаат ни едно отворено прашање, па затоа политичките, економските и културните соработки се во нагорна линија.
БиХ, вели Звиздиќ, останува посветена на европските интеграции, а Заев го пофали остварениот напредок и посака БиХ што поскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.
по прошетката по Башчаршија, Звиздиќ и Заев се упатија на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ за со останатите политичари од земјата и светот да присуствуваат на отворањето на овогодинешниот EYOF.