Предадено барањето на владата на Србија до КФОР за враќање на српската војска на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

На административниот премин Мердаре на Кфор му е предадено барањето на Владата на Србија за враќање на стотина до илјада припадници на српските безбедносни сили на територијата на Косово според Резолуцијата 1244, пишува РТС.

Владата на Србија синоќа донесе одлука согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН да испрати барање до КФОР за враќање на до илјада српски безбедносни сили на територијата на Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека одлуката е донесена едногласно, нагласувајќи дека тоа ќе доведе до намалување на тензиите. Сепак, тој истакна дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија.

„Одлуката е донесена едногласно и тоа е почитување на јавното право и е важно за заштита на населението и за контрола на граничните премини. Речиси сме сигурни дека нема да биде прифатено, но чекаме да ја добиеме документ“, посочи претседателот.

Слични содржини