Во пожарот во ковид – болницата во Тетово загинале и роднини на двајца пациенти, односно сопруга на пациент и ќерка на пациентка кои не биле хоспитализирани.
Од Јавното обвинителство наведуваат дека причината за нивното присуство во моментот на несреќата, односно дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини, се истражува.
Оттаму информираат дека на обдукација уште едно тело – 15-та почината поврзана со пожарот во модуларната болница во Тетово.
-По налог на обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од COVID-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот, информираа од ОЈО.