Предавање и работилница на Улрике Зиха во Кино Култура

од Vladimir Zorba
169 прегледи

На 12 јуни 2018, Македонскиот центар на Интернационален театарски институт,  иницира, дизајнира и организира предавање и работилница на Улрике Зиха – драмска авторка и драматург од Хамбург, Германија. Гостувањето и соработката се поддржани од Гете Институт Скопје. Предавањето започнува во 11ч во Кино Култура, Скопје.

Предавањето е дел од програмата на ИТИ Македонија: Poor Little Rich Drama (2018-2020)/Сирота мала богата драма (2018-2020). Темата за оваа 2018 година е: Contemporary German Theater Play Writers (2010/2017)/ Современи германски драмски автори (2010-2017), во рамките на овој контекст предавањето на Зиха е посветено на  креативното прашање – “WHO IS THE AUTHOR?” – RECENT TRENDS IN CONTEMPORARY GERMAN THEATRE/ „Кој е авторот?‘‘ Актуелни трендови во современиот германски театар.

Предавањето ќе овозможи преглед на актуелните трендови во современиот германски театар (2010-2017), преку видео и текстовни примери. Ќе ви ги претстави влијателните гласови од доменот на пишаната драма, поделениот театар и друг тип на текстовни продукции, нудејќи директен поглед во поврзани дебати. (Предавањето е отворено и е наменето за сите театарски уметници, истражувачи, професори, студенти, новинари, книжевни преведувачи од германски јазик и љубители на театарот).