Експертите не се оптимисти за затварање на прашањето со Македонската православна црква. Според нив, премногу е да се очекува дека со официјалното предавање на Благодатниот оган од страна на БПЦ, се отвара брз пат за признавање на автокефалноста на МПЦ.

„Да не се залажуваме, признавањето автокефалност ќе дојде како договор на сите православни цркви. БПЦ особено по посетата на рускиот патријарх кога имаше остар настап со претседателот на Бугарија не верувам дека ќе се собере храброст да направи нешто самостојно, независно од интересите на црковна Москва, црковен Белград, црковен Цариград“, вели Бранко Ѓоргески – експерт за црковно-политички прашања, пишува 24вести.
24 вести пишува дена на ист став се и МПЦ. Неофицијално, дознава медиумот дека не треба се крева врева околу овој настан и дека ова е само гест на БПЦ која сака да изрази пријателство и поддршка кон нашата црка.
Од МПЦ пак веќе информираа дека на 7 април на Велика сабота митрополит од МПЦ на аеродромот во Софија ќе ја чека бугарската делегација која треба да слета од Ерусалим и од неа да го превзеде Благодaтниот оган, Информацијата претходно ја потврди и Бугарскиот митрополит Антониј за БТВ.